Sarah Jessica Parker

Sarah Jessica Parker (со фасцинатор налик на птица, долга сукња и чанта со златен затворач ) и Chris Noth, во впечатлива, дизајнерска облека ја продолжуваваат сагата на HBO Max –  Sex and the City, овој пат насловена како And Just Like That.

Впечатливиот дизајнерски изглед, кој е далеку од текстот што актерката го сподели на социјалните мрежи со фотографијата од сетот, а во кој се вели „Твојот просечен понеделник“ е своевиден одговор на критиките упатени на сметка на облеката. Имено, кога се појавија слики од снимањето во кои таа е облечена во брза мода, стигнаа бројни коментари со кои јасно се посочуваше дека идната серија не кореспондира со стварноста. Последните снимки сепак покажуваат дека ќе има и мода и тоа онаа спора, дизајнерска.

На снимањето на And Just Like That се и Mr. Big (John James Preston) кого го глуми Chris Noth, како и Bridget Moynahan, која ја игра Наташа – моделка и жената со која Big беше оженет претходно. Според сценариото кое се чува во тајност, но од кое протекоа некои детали, во приказната на десетте епизоди ќе има и нови разводи и нови враќања кон бившите партнери./М.М.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.