Убавина вестиУбавина и здравје

Rose Exposed – парфем што ја разоткрива тајната на розата

Rose Exposed, најновиот парфем на Tom Ford, е замислен како буквална „експозиција“ на цветот – чист, заводлив и сензуален.
Парфемот Tom Ford Rose Exposed Eau de Parfum е дел од ексклузивната колекција Private Blend создаден за да ја прикаже розата во нејзиниот најинтензивен и најпривлечен момент, комбинирајќи есенција од роза, розова вода, бел пипер, црн кожен акорд и дрвени нијанси на кашмир.
Во светот на луксузната парфимерија Rose Exposed е ново мирисно олицетворение на розата: овој врвен цветно-кожен парфем го комбинира најдоброто од природата и парфемската уметност, преку ексклузивна ко-дестилација на розов апсолут и екстракт од розова вода.
Rose Exposed нуди композиција која претставува балансиран судир меѓу чистота и страст, каде што розата е симбол на елеганција, но и на нескротена природа.
Коментарите од првите корисници, кои му даваат совршени 5.0 ѕвезди, ја потврдуваат уникатноста на ова парфемско искуство. Со својата иновативна формула и неодолив дизајн, Rose Exposed е прв избор за љубителите на мириси кои бараат нешто навистина ретко и незаборавно./M.M.

 

You may also like

Comments are closed.