REVOX B77 JUST PEPTIDES 10% е мулти-коктел серум за лице и врат, наменет за зрелата кожа.

Серумот со пептиди на Revox е новина на пазарот: наменет е на зрелата кожа, за нејзино затегнување на лицето. Имено, поради недостаток на пептиди, кожата ја губи својата цврстина и еластичност, што резултира со промена на нејзината текстура и појава на брчки. Пептидите во кожата го стимулираат производството на колаген и еластин, кои помагаат во намалување на брчките и на кожата и даваат на младешки изглед.

Не содржи парабени, минерални масла, конзерванси и парафин.

Се комбинира со козметички масла, како дел од дневната рутина, но не и со витамин Ц или други директни киселини, бидејќи киселините можат да ја намалат ефикасноста, а нивната комбинација може да предизвика црвенило, оток, или промена на бојата на кожата.

Пептидите се фрагменти од протеини – основните градежни блокови на нашата кожа. Без нив, почнува да се губи цврстината и еластичноста, брчките почнуваат да се формираат, а текстурата се менува. Пептидите на кожата го активираат производството на колаген и еластин, што помага да се минимизира појавата на брчки и создаде кожа со младешки изглед. Серумската формула е лесна и брзо се апсорбира.

Состојки: вода, Glycerin, Butylene Glycol, Polysorbate-20, Palmitoyl Tripeptide-1, Palmitoyl Tetrapeptide-7, Propylene Glycol, Sodium Hyaluronate, Xanthan Gum, Pectin, Hydrolyzed Vegetable Protein, Serine, Arginine, Proline, Phenoxyethanol, PPG-1-PEG-9 Lauryl Glycol Ether, Disodium EDTA.

Се нанесуваат  4-5 капки наутро и / или навечер на исчистената кожа и нежно се масира додека не се впие. Почекајте додека не се исуши пред да го нанесете следниот производ. Можна е индивидуална нетолеранција на производот. Пред првата апликација се препорачува да се изврши тест за чувствителност. Ако се појави непријатност, престанете да го користите производот./M.M.

You may also like

Comments are closed.