Во пораката на Reel, производителот на хартија од бамбус, целосно насочен кон одржливоста, заштитата на планетата земја и кон изнаоѓање алтернативни решенија за сечењето на шумите пишува: Поврзани сме сите – со земјата, со начинот на кој се однесуваме, и по светот што ќе го оставиме зад нас за идните генерации.

Затоа, Reel, е многу повеќе од компанија за хартија од бамбус. Со издржана, еколошка визија за иднината, се обидуваат да одговорат на некои од предизвиците со кои се соочува светот.

Производите на Reel помагаат во намалување на отпадот, поттикнуваше свесен консумеризам, одржливост… Хартијата, изработена од 100% бамбус, ја прави најодржлива, еколошка хартија на пазарот. Материјали за испорака се биоразградливи, во амбалажа без пластика.

Зошто бамбус – па, податоците говорат дека за хартија годишно на планетава се сечат 27,000 дрва, објaснува коосновачот на фирмата, Дерин Ојекан. Ние ги оставаме дрвата да бидат бели дробови на нашата планета. Го користиме бамбусот, што расте и до дваесет сантими на ден. Всушност тоа е најбрзо растечкото растение на планетава, се собира еднаш годишно и не треба да се сади или пресадува. Освен тоа користи и до 30 проценти помалку вода, во однос на тврдите дрва, а дава 35% повеќе кислород од дрвата. Тоа значи што значи дека акр бамбус може да поправи приближно 25 метрички тони атмосферска СО2 годишно.

winterharter Riesenbambus

Бамбусовите влакна прават многу помек производ од хартија отколку многу направени од рециклирана хартија и дрвени влакна. Исто така, поради неговиот многу уникатен состав, бамбусот е природно дизајниран за јачина. Всушност, тој има поголема цврстина на истегнување од многу легури на челик!

Моето искуство, растејќи во Лагос, го дефинира мојот живот и мојата лична мисија – а тоа е да создадам производи и искуства што ќе имаат позитивно влијание врз животот на луѓето, вели Дерин Ојекан./M.M.

More in:Вести

You may also like

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

Comments are closed.