За убава и здрава коса потребна е и соодветна нега и внимание. Понекогаш, поради недостиг на време или лоши навики косата станува слаба, кршлива, без сјај и речиси е невозможно да се израсне, а да не загуби од густината. Еве неколку потсетувања и совети за нега и чување на здравјето на косата.

Маски за коса: Косата бара особено внимание во пролет, а маските се најдобри кога е во прашање прехраната на влакната. Маските со кератин, колаген, протеини, со масла, богати со минерали, повторно ќе ја воспостават природната убавина на косата.

Редовно потстрижување: На секои два до три месеца треба да се отстранат врвовите, за косата здраво да расте.

Регенератор: Главната функција е затворање на кутикулите, по шампонирањето. Без регенератор или балзам, тие ќе останат отворени, косата ќе е без сјај и подложна на кршливост.

Сув шампон: Честото миење на косата не само што ја нарушува пх- рамнотежата, туку се губат и потребните липиди. Користете почесто сув шампон, наместо често миење на косата.

Четка за масажа: Редовната масажа на скалпот, ќе ја подобри микроциркулацијата и ќе ја храни косата по целата должина.

Добра исхрана: Исхраната богата со омега киселини е исто така неопходна за убава коса. Се покажа дека масните киселини ја прават косата поеластична и помалку кршлива. Затоа, препорачливо е на менито да имате маслиново масло, авокадо, црвена риба и семе од лен.

Ладна вода: Плакењето со ладна вода ги затвора кутикулите на косата и ја подобрува циркулацијата на скалпот. Косата така добива доволно храна.

Промени на патец: Доколку постојано ја кревате косата, не заборавајте почесто да го менувате местото на фатот на косата, а и да ја пуштате косата. Истото важи и за патецот – треба да се поместува, барем по неколку милиметри. Фоликулите на косата се навикнуваат постојано да бидат во една позиција, а тоа ги ослабува.

Свилена перница: Меката и мазна површина на свилените влакна создава помалку триење, помалку статички електрицитет и помалку механичко оштетување на косата.

Специјална крпа: Крпата со микрофибер подобро ја апсорбира влагата, а косата побрзо се суши. Едновремено, создава помалку триење и механичко оштетување.

Одмор: Дајте и пауза на косата од фенот – оставете ја да се исуши сама. По еден месец ќе забележите дека претходно сте ја потцениле природната убавина на вашата коса./М.М.

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.