Sunrise

Како што наближува летото и високите температури, во крајбрежните дестинации почнуваат и саемите на пловила, на кои вљубениците во морските далечини можат да видат што е ново во светот на наутиката. Project Sunrise, всушност е огромна јахта што ги има сите погодности на хотел со пет sвездички и секако е едно од најекспонираните пловила.

Студиото на Roberto Curto Design претстави прекрасно пловило, со должина од 135 метри, дизајниран да испушта „идилични вибрации на островското одморалиште“, овозможувајќи истражување на најоддалечените точки во свет.

Дизајниран во партнерство со Superyachts Monaco, на бродот му беше даден челичен труп со елегантен, намален профил и спортски линии. Ниската надградба ветува помала отпорност на ветер, овозможувајќи брзо и ефикасно крстарење.

Sunrise

Јахтата ги има сите врвни удобности на хотел со пет sвезди, вклучувајќи опсерваторија, кино, хелиодром, теретана и два базена. Има и гаража за дополнителни играчки за вода и чамци.

Sunrise

Кога станува збор за сместување, јахтата нуди доволно простор за дваесетина гости во 11 луксузни кабини, како и за 49 члена на екипажот. Неговиот главен детал е секако кабината на сопственикот, која е комплетирана со приватна теретана, канцеларија и отворено-затворен базен.

Внатрешноста на јахтата е пространа, со елегантна естетика. Инспириран од минималистичкиот јапонски дизајн, просторот е исполнет со парчиња полирано дрво, екрани, како и елегантни парчиња мебел. Дизајниран е со големи прозорци за максимално количество на природна светлина во внатрешните простории./М.М.

Sunrise

 

You may also like

Comments are closed.