Prabal Gurung својата колекција наменета за претстојните есен и зима и ја посвети на пеперутката. Прекрасните шари на крилјата се зголемени и испечатени на асиметрично кроените фустани и ансамбли за да донесат свежа, нова линија на силуетата која ќе плени есенва.

Објаснувајќи го присуство на пеперутката во колекцијата дизајнерот, кој родум е од Непал, а работи и живее во Њујорк, ќе раскаже дека пред создавањето на колекцијата направил  тивко повлекување во текот на кое не се гледал ниту зборувал со некого. Тоа време, според Prabal Gurung, претставувало соочување со пеперутката и изнаоѓање метафора за пронаоѓање на убавина во непостојаноста.

Затоа и колекцијата на Gurung е своевиден дијалог помеѓу западниот и источниот начин на облекување, помеѓу тврдото и мекото, мажественото и женското. Така појасите  ги измазнуваа рабовите на остро скроените панталони, здолништата беа комбинација на строго мини и лелеаво макси, а нежните чипкасти фустани беа спојувани со необични палта.
Поставувањата од овој вид, се она што ја анимира модата и дава особен белег на талентираниот моден дизајнер.

Prabal Gurung е моден дизајнер кој, израснат во Непал, останува поврзан со својот роден крај, иако работи и живее во Њујорк. Освен што е талентиран дизајнер има и репутација на фин – добар човек.

Зборувајќи за своите почетоци, Gurung истакнува дека никогаш немал заблуди во врска со величината, дека сакал да започне мал бизнис, многу понизно и многу скромно: и дека сакал облеката што ја создава да зборува самата за себе.

Историски гледано, Gurung никогаш не бил минималист но, како што забележа зад сцената, сè е промена. Начинот на кој живееме и купувмаме е во постојана промена па затоа и скапите силуети се заменети со енергични ансамбли, полни со живот што е и пораката на дизајнерот. /М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.