Honor V Purse e концептуален паметен телефон што се носи и изгледа како мала чанта

Honor V Purse е еден од двата телефона што брендот ги промовира на IFA 2023, еден од најголемите светски саеми на електроника што секоја година се одржува во Берлин, Германија..

Honor V Purse е на преклопување, дизајниран да изгледа како рачна чанта, со додатоци што овозможуваат прицврстување на ремени или синџири.

Концептуалниот уред е паметен телефон со двоен екран што се отвора како книга. Неговите екрани го формираат надворешниот дел на уредот , а поврзани се со скриена внатрешна шарка. Екранот се преклопува нанадвор и е со постојано вклучен дисплеј, што овозможува промена на изгледот на телефонот.
Кога е преклопен телефон е со широчина од девет милиметри. Вградените штипки овозможуваат прицврстување на различни синџири, ленти или рачки.

Од Honor веруваат дека е создаден паметен телефон на иднината, со кој се отвора патот за иднината на модата и технологијата. Како што модната индустрија се повеќе навлегува во дигиталниот простор, така следствено, технологијата овозможува нови, неограничени можности за стилот и самоизразувањето. Оттаму, Honor V Purse е нова ‘it’ чанта на иднината!/М.М.

You may also like

Comments are closed.