МодаТрендови

Црната вратоврска на Valentino

Во претставувањето на новата Valentino Black Tie колекција наменета за есен /зима 2023-2024 година се вели дека на традиционалните кодови им е дадено ново значење, презамислено е кроењето и редефинирана женственоста. Топ моделот Kaia Gerber го отелотворува современиот панк став на оваа колекција, додека му позира на Steven Meisel во Valentie фустанот.

Тргнувајќи од препознатливиот, сарторијален елемент каков што е вратоврската, креативниот директор Pierpaolo Piccioli создава колекција во која дневните и вечерни ансамбли ги менуваат формалните и динамични кодови, лизгајќи се помеѓу традицијата и модерноста. Гардеробата низ колекцијата со повеќе интерпретации, според  модната куќа, се трансформира во средство на континуирана еволуција и засилен идентитет.

Симболичната, Rosso Valentino боја на модната куќа, станува протагонист во новата колекција Black Tie есен /зима 2023-24, анимирајќи изглед и додатоци на Valentino Garavani преку својата безвременска, но модерна енергија.

Во Valentino Black Tie колекција за мажи, класичните кодови на гардеробата добиваат ново значење со кое униформираноста се потенцира и посочува како своевиден прозорец кон хуманоста./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.