Со својата палета на производи Petaluma нуди комплетна нутриционистичка алтернатива на конвенционалната храна базирана на месо.

Американскиот бренд за исхрана на кучиња Petaluma го најави лансирањето на својата прва одржлива формула за храна за постари кучиња. Се работи за The Baked Pumpkin & Peanut Butter Flavour, храна наменета за сениори, а формулирана од ветеринар, за да ги обезбеди сите потребни хранливи материи потребни за постарите кучиња.

Според Petaluma, новата формула е „прва“ храна за кучиња од растителна основа, специјално наменета за постари кучиња. Направена е со функционални состојки, како путер од кикирики, сос од јаболка и билки. Новата храна, создадена на база на печена тиква и путер од кикирики, вклучува и DHA омега-3 од масло од алги, екстракт од куркума, диетални влакна од тиква и растителен гликозамин.

Од Petaluma наведуваат дека нивната формула обезбедува целосна исхрана, истовремено справувајќи се со заедничките здравствени проблеми на сениорите како воспаление, тешко варење, слаба подвижност и поголема тежина.

Од Petaluma нагласуваат и дека правилната исхрана може да помогне во спречување и справување со хронични болести, како и поддршка на здравата тежина, мобилност и когнитивно функционирање.

Основана од Garrett Wymore и Caroline Buck, Petaluma произведува линија на „одржлива“ храна за кучиња, по оригинален рецепт создаден по препорака на ветеринари, а тестиран и „одобрен„ од кучињата сениори./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.