Со „The Zodiac Charms“ продолжува наративот на Taschen x Ai Weiwei според кој уметноста отсекогаш била и одраз на современото општество и своевиден социјален коментар.
Taschen x Ai Weiwei со Naomi Campbell создаваат наратив кој ги надминува сферите на модата и на уметноста. „The Zodiac Charms“ е повеќе од линија за накит; тоа е изјава, разговор и мост меѓу културите, накит изработен со душа на уметноста и сјајот на високата мода.


Во спој на уметничко мајсторство и безвременска убавина, Taschen, истакнатиот издавач на литература за уметноста, ги здружи силите со уметникот Ai Weiwei за да создадат по многу нешта поинаква колекција на современ, уметнички накит. Имено, „The Zodiac Charms“ колекцијата е повеќе од накит – таа го поставува културното наследство во уметничкиот дијалог во кој невообичаеното добива свое место.
Едновремено “The Zodiac Charms” е реинтерпретација на клучната инсталација на Ai од 2010 година насловена како ‘Circle of Animals/Zodiac Heads’, која пак е современо видување на кинескиот зодијак.


Секој знак е обликуван од Ai Weiwei, рачно излеан во 999 чисто злато. Ги карактеризира автентичност; не се само накит туку и артефакти кои зборуваат за богатата историја на кинеската култура, нејзиниот дијалог со светот и личното значење проткаено во симболите на зодијакот низ векови.
Суштината на колекцијата е Naomi Campbell, чие присуство во кампањата додава слој на софистицираност и привлечност. Фотографирана од славното дуо Luigi & Iango, кампањата е визуелна симфонија која резонира со елеганцијата на самат колекција.
Taschen, познат по својата посветеност кон уметничкото издаваштво, објави и книга за овој уникатен потфат. Експертизата на издавачот во истакнувањето на најпривлечните приказни за уметноста е проширена и на оваа ексклузивна колекција, поканувајќи ги ентузијастите и колекционерите да поседуваат парче од уметноста на Ai Weiwei во сосема нов облик./M.M.

You may also like

Comments are closed.