Madison Square Garden Entertainment реализира проект кој почнува да го менува хоризонтот на Лас Вегас. Станува збор за MSG Sphere, колосална структура и театар во форма на сфера, со 20.000 места, со импресивна технологија и со најголеми лед екрани во светот.

Планирано е изградбата да заврши до 2023 година и да биде отворена кога и слична сфера што истата компанија наскоро треба да почне да ја гради во Лондон.

„MSG Sphere е сосема нова медиумска и мултисензорна платформа “, објавија од Madison Square Garden Entertainment. Лас Вегас ќе може да се пофали со највисока сферична архитектура во светот, со внатрешен извонреден приказ, просторно аудио, целосни 4D ефекти и целосно брендирана егзосфера и атриум.
Штом ќе завршат поставувањата, надворешна површина ќе се удвои, како масивен екран, свиткан да го следи обликот на земјината топка и да проектира светлина, видеа, а можеби и реклами низ градот и хоризонтот во Лас Вегас./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.