Убавина вестиУбавина и здравје

Mitsouko: мистеријата и мит

Неочекувано и футуристички, Guerlain создава простор за модерна парфимерија, преку дела на млади авангардни уметници. Последен пример на таква соработка е ре-изданието на Mitsouko парфемот, ограничено на само осум примероци, кои ја отелотворуваат средбата помеѓу современата уметност со креативниот пристап на Guerlain.

Jeanne Briand е уметникот што доби carte blanche од Guerlain во создавањето на шишето за парфемот создаден пред еден век. Во своето студио-лабораторија, таа комбинира и експериментира со стакло, глина, кожа и челични цевки, а создаденото е на своевидна крстосница на индустриските технологии и на вековните занаети.

За Mitsouko во повторното издание во парфемската куќа велат дека е како мистерија на забранета љубов, што ноќе ги покажува своите вистински бои, кога добива хипнотизирачка, фосфоресцентна сина боја, а луминисцентните пигменти во стаклото го прават секое парче уникатно.

Рефлексијата  на допирливото и недопирливото во чудесното пакување на Mitsouko, е токму посакуваниот спој на уметноста и парфимеријата.

Изборот на Mitsouko како извор на инспирација за ова исклучително издание е особено симболичен. Мирисот е особено драг на Jeanne Briand, затоа што ја потсетува на нејзината мајка која го користела. Парфемот инаку е создаден во далечната 1919 година и е првиот овошен шипре од ова семејство на апстрактни мириси./М.М. https://www.guerlain.com/us/en-us/p/mitsouko-absolu-17-by-jeanne-briand—P018174.html

You may also like

Comments are closed.