Paris Mint, Dior и Sotheby’s ги здружија силите за организирање на единствена аукција што ќе се одржи на втори март, а на која ќе се наддава за златник тежок два килограма, изработен во облик на првиот парфем на Christian Dior.

Комбинирајќи ја експертизата на француската ковачница и на француската модна куќа, овој неверојатен предмет е првата монета што француската ковачница ја претставува на аукција, со очекување дека ќе се постигне цена меѓу 200.000 и 300.000 евра.
Изработен во форма на „ Miss Dior “, првиот парфем создаден од Christian Dior, во 1947 година, златникот е дизајн на Joaquin Jimenez и е создаден во чест на првиот мирис на Dior.


Беше неверојатен предизвик да се направи златник од парфем, истакнува дизајнерот. Сакав да ја изразам убавината на цвеќето што Christian Dior го сакаше, а како почит кон неговиот моден дизајнерски талент.


Со златникот одат и пар ракавици, брошура, потврда за автентичноста и оригиналната литографија, потпишана од францускиот уметник Xavier Casalta.
Дел од приходите ќе одат за поддршка на Fleurs d’Exception du Pays de Grasse, организација која има за цел да ги заштити и промовира цветните продукти на Grasse – „светската престолнина на парфемите“.
Невообичаениот златник ќе биде изложен на јавноста до 28 февруари, по што оди на специјална аукција во живо, на втори март во Sotheby’s во Париз како дел од Светската недела на аукции од Sotheby’s./М.М.

You may also like

Comments are closed.