LV SKI е првата зимска колекција на Louis Vuitton, наменета за љубителите на белите спортови и престој на планина. LV SKI е капсула колекција, целосно посветена на зимските спортови на планина.

Покрај облека и модни додатоци, колекцијата вклучува и нови модели на скијачки чизми TERRIRORY и POLAR. Колекцијата вклучува хеланки од најлон, џемпери, волнени и свилени , водоотпорни јакни, ракавици, марами од свила и кашмир, мини фустани и плетени кои одлично ја надополнуваат колекцијата LV SKI.

Рекламната кампања е снимена со манекенките Ide Hajner i Kristin Lindset, а освен облека и модните додатоци кои се неопходни за зимската сезона, LV претставува и скии. Изработени од јадро од дрво и обложени со иконски монограм од алуминиумска легура, скиите доаѓаат во ограничена колекција од само 200 парчиња и на спортски начин ја заокружуваат колекцијата LV SKI. /М.М.

You may also like

Comments are closed.