Некои бои сами по себе зрачат, a една од нив е уникатна тиркизна. Затоа доминира во нашата зимска колекција, посочуват од брендот Luna. Најдовме идеална нијанса на оваа величенствена боја и создадовме облека што ќе го промени вашето држење, а насмевката на задоволство ќе помогне со самодовербата да го поминувате денот.

Софистицираните модели со внимателно испланирани детали, изработени од квалитетни и пријатни материјали. Ќе внесат и доза гламур во вашиот елегантен стил, истакнуваат во Luna.

Трикотажните комплети и блузи се „must have“ парчиња од кои едноставно неможете да им одолеете. Бузите лесно се вклопуваат, без оглед дали се носат со панталони или здолништа.

Од Luna известуваат дека зимската колекција е во бутиците и на веб -продавницата.
Со години се грижиме, велат во Luna, на нашите дами да им понудиме вистински спој на класично и модерно./М.М.

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

You may also like

Comments are closed.