Позната по својата луксузна облека направена од волна и кашмир, италијанската модна куќа Loro Piana сега внесува чувство на луксуз во домовите, со својата прва колекција на миризливи свеќи.

Колекцијата оддава почит на деликатната и префинета работа на италијанските мајстори, кои ги создадоа сите свеќи со исто внимание на деталите како при креирањето на облеката.
Свеќите се направени од природни материјали: парафин, чисти етерични масла, памучен фитил обоен со природни прехранбени пигменти и дабови подлоги.
Имињата на свеќите се поврзани со потеклото на брендот и ткаенините. На пример, восокот на секој од нив се спојува со ткаенините и предивата што останале од производството. Свеќите Zibeline, Jacquard и Bouclé се создадени за да ја прослават убавината и елеганцијата на суровините. Zibeline крие ноти на зачини и кедар, во Jacquard, освен цветни етерични масла се користи и кашмир, а Boucle е свеж, лесен миризлив букет што евоцира широко отворени простори и места./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.