Италијанскиот дизајнер Lorenzo Serafini во преставувањето на колекцијата за идното лето, во обраќањето од модното студио во Милано посочува дека и отворањето по пандемијата  има свои предизвици и дека дел од нив биле инспирација, особено комбинациите со ретро тренерки и дуксер со сако.

Дизајнерот ја помина првата блокада во Италија на село, па дури и кога животот се враќа во нормалните ритмови, тој сè се потсетува на бегството. „Сакам да задржите малку од таа сензација, па затоа имам тенденција да го напуштам градот за време на викендот“, рече тој. „Навистина чувствувам потреба да останам во природа наместо повторно да бидам опкружен со толпи луѓе“.

Колекцијата го одразува тој инстинкт. Главниот мотив е цвеќето и него го има насекаде, од кардиган со интарзија од сребро, фармерки со низок струк, до фустан за забави со линии од 70-тите години на минатиот век. Чевлите и сандалите се со платформи, чантите мали и во живи бои./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.