Li Yuchun

Li Yuchun, позната како Chris Lee, на социјалните мрежи е претставена како нов амбасадор на YSL Beauty, прв портпарол на брендот кој доаѓа од Кина. Таа е пејачка, текстописец, диџеј и актерка. Дебитираше во својата пејачка кариера на кинескиот натпревар за пеење „Супер девојка“, во 2005 година. Следната година го издаде својот деби албум „Кралицата и соништата“.

На андрогената пејачка, луксузните модни  брендови и се добро познати. Не само што беше амбасадорка на Gucci во Азија, туку и портпарол на Diesel, и беше прогласена за „неофицијална муза“ на Givenchy.

Li Yuchun

За нејзиното влијание најдобро говори податокот за 1,1 милиони прегледи на хаштагот за веста за нејзината поврзаност со YSL Beauty на Weibo, во рок од четири часа./M.M.

You may also like

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

Comments are closed.