Приходите на конгломератот Kering во 2023 година изнесуваа 19,6 милијарди евра и бележат намалување од четири проценти. Приходите на Balensiaga, по скандалот во 2022 година, кој сеуште не е правно санкциониран, не се објавуваат туку се дел од податоците на другите модни куќи!
Продажбата од директно управуваната малопродажна мрежа, вклучително и е-трговијата во 2023 гоина е стабилна, а приходите од големопродажбата и другите приходи паднале за 11 проценти во однос на споредбениот период. Така оперативниот приход во 2023 година изнесувал 4,7 милијарди евра, што е за 15 проценти помалку од нивото остварено во 2022 година.

„Во една напорна година ја зајакнавме нашата организација и презедовме значајни чекори за дополнително подобрување на видливоста и на ексклузивноста на нашите модни куќи. Фокусирани сме на ревитализација на Gucci, искористувајќи го уникатниот спој на изработка, италијанското наследство и модерноста што ја карактеризира оваа култна куќа“, посочи François-Henri Pinault, претседател и главен извршен директор на Kering во изјавата по повод објавувањето на податоците.
Иако бројките упатуваат на сериозност, тој останува оптимистичен: „пазарното опкружување кое останува неизвесно и на почетокот на 2024 година, континуираните инвестиции во нашите куќи ќе извршат притисок врз нашите резултати на краток рок„.
Сепак, приходите на ведечките модни куќи на конгломератот се во сериозен пад: Gucci лани оствари приход од 9,9 милијарди евра, што е пад од шест проценти; приходот на Yves Saint Laurent е 3,2 милијарди евра, што е пад од четири проценти, а Bottega Veneta има остварено вкупен приход од 1,6 милијарди евра, што претставува пад од пет проценти.
Приходите на Balensiaga, по скандалот во 2022 година кој сеуште не е правно санкциониран, не се објавуваат туку се дел од податоците на другите модни куќи на конгломератот. Се соопштува дека овие, Други куќи, во 2023 година оствариле вкупен приход од 3,5 милијарди евра, што е пад од 9 проценти како што е објавено и 8 проценти во однос на споредбениот период. Продажбата од директно управуваната малопродажна мрежа пораснала за три проценти, но приходот од големо-продажбата се намалил безмалу за една третина, односно за 29 проценти. Kering очекува и да пријави дополнителен пад на добивката во H1 во 2024 година./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.