Jacquemus својата нова колекција Le Splash ја претстави на Хаваи. Францускиот дизајнер уште еднаш импресионираше, овој пат со колекцијата наменета за есен/зима 2022, а преставена наместо на париската Модна недела, на екслузивна ревија, на брегот на Тихиот Океан.

Во време кога околностите се навистина посебни, модата на францускиот дизајнер преставува своевидна оаза во пустина, мал бег од разочарувањата во стварноста што не опкружува. Да се надеваме, исто како и Jacquemus, дека луѓето со визија, љубов кон она што го работат и исполнети со оптимизам, можат да бидат надеж за подобра и посветла иднина!

Францускиот дизајнер направи модна писта на островот Оаху во Тихиот Океан за токму таму да ја претстави новата колекција „Le Splash“. Моделите чекореа по сина писта, сеупте морка од поројниот дожд, во неутрални изгледи, со впечатливи модни додатоци, во боите на морето, небото и песокот.

Како што сугерира името – „Le Splash“, колекцијата на модниот мајстор е инспирирана од водата и нејзината околина, од нејзините кристално сини тонови, што биле повод за создавање на изгледи во боја на интензивно сино и на слонова коска. Додавајќи нота на контраст на добро познатите тонски комбинации на облека, дизајнерот претстави и кариран принт кој ги красеше кошулите, шорцевите, здолништата, градниците и јакните.
Влијанијата на летото, плажата и на водата беа очигледни на многу места: миди здолништата во форма на туба, многу личеа на крпи за плажа, а костимите за капење, пак, беа претставени и како долна облека и се носеа преку кошули или пантолани.
Дизајнерот ни претстави серија летни костими, со стаклени украси кои потсетуваат на капки вода.

Колекцијата е комплетирана со нови чанти со заштитен знак на модната куќа, меѓу кои и со обновените модели Sac Rond, Le Bambinou и La Vague. На пистата дебитираше и новата Le Bomba, силуета која ги следи природните облини на телото./М.М.

You may also like

Comments are closed.