Најновата кампања на Gucci Eyewear за 2022 година, по многу нешта потсетува на моделите на очила за сонце што се носеа во 50 и во 60-тите години на минатиот век. Амбасадорките на оваа кампања на Gucci, моделот Ni Ni и пејачката Lou Doillon, носат дизајни на наочари инспирирани од рокенролот, во облека во која доминираат корсети и вештачкото крзно.


Рекламната кампања за која, освен фотографии на Luo Yang и Thurstan Redding е снимен и видео материјал, се одвива во туристички автобус, отсликувајќи ја потребата од движење, патување, и истражување на нови простори, по годините на пандемиската изолација.


Доминантен е предимензионираниот дизајн, со кружни рамки, или со метални рабови, надополнет со бројни детали меѓу кои е монограмот на модната куќа, како и синџирот со кој се обезбедуваат мачка очилата. Креативниот директор Alessandro Michele во белешките за колекцијата посочува дека инспирацијата ја црпи од 1950-тите, за да создаде модерни наочари за сонце со ретро акцент. https://www.gucci.com/us/en/
Инаку, Ni Ni последниве пет години постојано се појавува во кампањите за очила за италијанскиот бренд./М.М.Н

 

You may also like

Comments are closed.