Студиото за архитектура Ibuku го заврши објектот на Ark гимназијата, на нејзиното Зелено училиште, во џунглата на Бали, со комплексен покрив, направен целосно од бамбус. Зеленото училиште инаку промовира одржливост преку учење во природна средина. Објектот е дизајниран од Elora Hardy, ќерката на основачите на Зеленото училиште, John и Cynthia Hardy, во нејзиното студио Ибуку, во соработка со архитектот за бамбус, Jörg Stamm и фирмата за конструктивно инженерство Atelier One.

Објектот е повеќенаменски спортски терен со површина од 760 квадратни метри, со оригинален покрив што се протега до подот.
Создавањето на студиото Ibuku, според Elora Hardy, било инспирирано од надежта за иднината во која луѓето би можеле да направат простор од обновливи материјали како бамбус. Во изминатите пет години проектирани се и изградени педесетина објекти од бамбус, главно на Бали.
Во Ibuku веруваме во надежен, инспиративен свет каде иновацијата со природни материјали ги поврзува луѓето со природата, посочува Elora Hardy. Гледаме да дизајнираме простори што предизвикуваат интерес, внимание и вчудоневиденост. Создаваме нов дизајн вокабулар со бамбус и други природни материјали, истовремено редефинирајќи го луксузот. Ги комбинираме традиционалните занаетчиски вештини со нашите идеи за дизајн и иновативност во инженерството. Истражуваме иновативни начини на дизајнирање со природата за создавање домови, хотели, училишта и простории за настани на Бали и низ целиот свет./М.М.

Приказната за одржливите градби од бамбус е на: https://ibuku.com/ted-2015/

 

You may also like

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

Comments are closed.