Наследниците на модната куќа Gucci незадоволни од карактерите на ликовите во филмот подготвуваат тужба против режисерот Ridley Scott.

Скапата промотивна кампања на House of Gucci, која ја предводеше актерка Lady Gaga, која ја толкува главната услога, како и првите импресии и оценки од прикажувањето во кината на модниот филм, сега продолжува со судски закани.

Така, останува да се забележи дека на House of Gucci не му недостасува повод за нов бран на публицитет.

Сцеариотот на филмот е засновано на книгата на Sara Gay Forden  „The House of Gucci„  и претставува приказна за убиство, лудило, гламур и алчност во едно од најбогатите модни семејства во Италија. Најголемите забелешки се однесуваат токму на сценариото, односно на прикажувањето на Patriciа Regani (Lady Gaga), како на жртва и покрај фактот дека е осудена за она што го има сторено. Истакнуваат и дека продукцијата на филмот требало да ги контактира пред да ги претстави како нечуствителни за светот околу себе. Семејството го отфрлува и тврдењето од филмот на Ridley Scott дека компанијата не вклучува жени.

Реакцијата на семејството ја има објавено италијанската телевизиска служба ANSA./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.