Holiday House, модниот филм за празничната кампања на Louis Vuitton на кој е потписот на Roman Сopрola внесува топла, помалку носталгична, но секако силна порака на сеопфатниот опус на љубовта. Во него француско-британската актерка Stacy Martin не води низ сцените на среќа и љубов, низ празничните патувања и доживувања во кои ја следат звуците на легендарниот диско ритам на песната “Young Hearts Run Free” во изведба на Сandi Ѕtaton.

Секоја патна торба и куфер со монограмот на Louis Vuitton исто така води до различен амбиент: до белата снежна патека каде парадираат модерно облечени скијачи, односно до голема новогодишна забава на која облеката и највпечатливите чанти и модни додатоци се токму од празничната колекција на која и е посветена кампањата./М.М.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.