Многу е важно да се грижите за усните во секое време од годината, но грижата за нив во текот на зимата е нешто на што треба да обрнете посебно внимание, особено доколку зимата е силна и студена. Веруваме дека знаете многу за нега на усните во сите ситуации, но се надеваме дека новите информации и совети ќе најдат место во дневната рутина.

Студеното време, проследено со мразови и температури под нулата, значи и дека на нашето лице му треба посебна грижа. Еден од најчувствителните и најсложените делови на лицето во текот на зимата се усните. Со доаѓањето на постудениот период, со епидемии, настинки и разни видови грип, носот е затворен и дишеме преку устата. Како резултат на тоа, тие се исушуваат и пукаат. Оние кои поминуваат многу време надвор во текот на зимата, најдобро знаат колку таа грижа за усните е захтевна. Кога дехидрираат, усните им се сушат, а кога ќе бидат суви подолго време, тогаш пукаат и тоа може да биде болно. Друга лоша работа е делумно пукање на усните, кога имате пукнатини на одредени делови на усните, кои исто така се болни. Тие можат да бидат непријатни затоа што, ако траат подолго, тогаш може да се вселат некои бактерии, што подоцна ќе прави  повеќе проблеми.

Fortune Balm – Repair на Ritual е еден од препаратите за заштита, нега и обновување на кожата на усните со природен заштитен балсам. Збогатен е со путер од чиа, освежувачки еукалиптус и витамин Е. Ексклузивна мешавина од богати масла – вклучувајќи маслиново масло, масло од јојоба и кокосово масло – помага при навлажнување на усните, додека антиоксидансите во маслата помагаат во изедначување и заштита од штетните ефекти на слободните радикали. Балсамот е целосно природната формула која ги омекнува и хидрира сувите, испукани усни, ја обновува кожата и придонесува  за здраво и возвишено чувство.

Балсамот треба да се нанесува два пати дневно Двапати дневно, нанесете мелем на усните за да ја хидрирате и омекнете кожата. За дополнителна храна, повторно аплицирајте во текот на денот. / М.М.

You may also like

Comments are closed.