Fendi X Rimowa

Fendi уште еднаш ги здружува силите со иконскиот бренд за луксузен багаж Rimowa, за да создаде нов и по многу нешта единствен куфер. Споени се долгата традиција на занаетчиство и индустриското познавање на Rimowa, со висококвалитетните, луксузни детали за Fendi.

Амблемското лого на Fendi се појавува врз алуминиумот што се прелева во зависност од светлината. Куферот е црн или во природна боја на алуминиумот, со контрастни црни рачки.

Fendi X Rimowa

Внатрешноста е во знакот на занаетчиското искуство и префинетоста, со црна обвивка, во која има црвено-црно врежано FF лого. Системот Flex-Divider е индивидуално прилагодлив, што го прави куферот исклучително функционален. Куферот ја носи персонализацијата на следното ниво, со ознака за името во кожа, за да можете да ги додадете вашите иницијали со врел печат, како што е вообичаено за  Fendi./M.M.

Fendi X Rimowa

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.