Омилената брачна двојка во Холивуд, Beyoncé и Jay-Z, ќе започнат соработка со Tiffany & Co со нова кампања.
Beyoncé и нејзиниот сопруг ја започнуваат најновата ера на Tiffany & Co. Неделава Harper’s го објави своето септемвриско издание “Icons” во кое главната вест е најновата соработка на Beyoncé и Jay-Z со Tiffany & Co.
Овој потег доаѓа по неодамнешна аквизиција на американската компанија од страна на LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton со која, според Форбс, Tiffany & Co треба да ја удвои продажбата во следните пет години.
Минатата година LVMH купи 50 проценти од Jay-Z Champagne брендот, Armand de Brignac.
Beyoncé, освен успешната музичка кариера, дејствува и во модата и во медиумите. Соработката со HBO, Netflix, Top Shop, како и последната кампања за Adidas го потврдуваат тоа./М.М.
More in:Мода вести
Dolce&Gabbana со импресивна изложба за Alta Moda
Во Palazzo Reale во Милано за прв пат се организира изложба насловена како “From the ...
Anne Hathaway и Cillian Murphy во новата кампања на Versace
Познатите фотографи Mert & Marcus се здружија со Versace за да ја доловат суштината на ...
MaštAI! со имагинацијата на Ангелина
Ревијата наречена „Фустанот на Ангелина“, со чиста емоција го исполни исклучително големиот простор на Хангарот. ...
Со “Niti” на Игор Тодоровиќ, започна 53. Perwoll Fashion Week
Со ревијата NITI, на модниот креатор Игор Тодоровиќ, која претходно наиде на убав прием на ...