Fendi Men отсекогаш имал длабока врска со опкружувањето во кое и за кое создава. Колекцијата затоа, овој пат за зимата 2021, содржи природни форми и референци на алпскиот свет: мермер, камен и скулптури во комбинација со кодовите на Fendi во урбана и модерна колекција.

Мермерот е комбиниран со иконски елементи како што се логото на FF и калиграфскиот монограм, што резултира со елементи на Fendi и апстрактен принт, проткаен со кодовите на Fendi.
Како карактеристични за колекцијата од модната куќа ги издвојуваат новите тексас јакни и панталоните во темни нијанси, како и новиот практичен ранец Fendiness, наменет не само за патувања низ природата, туку и за секојднвието во градот.
Новите очила за сонце Fendi Fragment и Fendi Technicolor го комплетираат изгледот, заедно со часовникот Forever More 39 мм, во смели нови бои кои одговараат на палетата на колекцијата.
Во комплементарна палета инспирирана од денот и ноќта, се издвојуваат земјено жолта, со нијанси на кафена и примеси од портокалова до црна, како и темно сина, со примеси на сива и бела./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.