Fame е новиот мирис на Paco Rabanne. Разигран и сензуален, како да се поигрува со париските кодови, како и со 90% природно потекло, кое подразбира комбинација на јасмин, манго и темјан. За да се поврзе со симболите на модната куќа, шишето е во облик на легендарниот синџир-фустани.

Избрана да го отелотвори овој нов мирис, американската актерка Elle Fanning се придружи на долгата низа гламурозни музи на легандарниот бренд, вклучувајќи ги Brigitte Bardot, Françoise Hardy и Jane Fonda.
„Возбудена сум што ќе бидам амбасадор на Paco Rabanne. Бев целосно заведена од концептот и почувствував дека совршено ми одговара и дека, навистина, ја одразува мојата личност. Веднаш реков да“, вели Elle Fanning.
„Повеќеслојна и повеќеталентирана, Elle Fanning е најдобар избор за заштитно лице на FAME“, вели Jerome Leloup, потпретседател на Paco Rabanne. „Таа ја отелотворува суштината на ултра-модерната женственост на Paco Rabanne и ние сме многу задоволни што ја имаме како амбасадор на нашиот нов мирис“./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.