Faberger

Фановите на Game of Thrones, по повод јубилејот – десет години од премиерата, добија неверојатен подарок – Faberge јајце, специјално создадено по повод одбележувањето на годишнината. Уникатното парче јувелирска уметност и занаетчиство е вредно 2,2 милиони долари.

Водечкиот дизајнер на Faberge, Lisa Talgren, заедно со наградуваниот костимограф од серијата, Mišel Klapton и Warner Bros. Consumer Products, се здружија за да го креираат змаевото јајце, декорирано со драги камења.

Со виолетови, сини, црвени и сребрени нишки, со дијамантски акценти, надворешноста на јајцето е дизајнирана да личи на текстурата на змејовите и нивните иконски јајца. Внатрешноста, пак, крие изненадување украсено со рубини – тоа е минијатурна верзија на круната што Deneris би ја носела, со змаева глава и крилја што се издигнуваат зад неа. Структурата на целото јајце е фиксирана на мал пиедестал украсен со дијаманти, кој е поврзан со опашката на змејот.

Иако финалната верзија на композицијата ќе биде претставена подоцна оваа година, Faberge го објави првичното соопштение сега, за католичкиот Велигден и лансирањето на Проектот за одбележувањето на 10. години од премиерата на првата епизода од позната серија./М.М.

Faberger

Faberger

 

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.