Drew Barrymore

Drew Barrymore со Made by Gather дизајнира и промовира колекција кујнски апарати во пастелна, нежна зелен-плава  боја и со високи перформанси.

Познатата актерка, Drew Barrymore и Shae Hong, основачот и извршен директор на Made By Gather, заеднички дизајнираа колекција на кујнски апарати со високи перформанси, во нови, впечатливи плаво-зелени нијанси кои тие ги нарекоа колекција во боја на жалфија. Современите апарати се во мек дизајн, со заоблени рабови, што додава нежност за допир но и безбедни површини во кујната.

Основана во 2003 година од претприемачот Shae Hong, Sensio сега работи како Made by GatherTM: дизајнира и произведува портфолио на кујнски брендови, направени со емпатија, со разумни цени и оригинален дизајн. Се создаваат апарати за модерната генерација, која сака од кујната да направи посебно место. Направени од Gather, производите вклучуваат кујнски брендови на кои сега ќе им се приклучи и најновата серија, создадена со познатата актерка.

Shae Hong, основачот и извршен директор/претседател на Sensio, сега  Made By Gather, има специјализирано малопродажба, е-трговија, развој на производи за широка потрошувачка, управување со брендови, лиценцирање на брендови и лансирање нови брендови./M.M.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.