Мода вестиМоден мозаик

Donna Karan и есенскиот ритам на градот

Њујорк, жената и безвременската елеганција се во центарот на новата кампања на Donna Karan за оваа есен во која Кендал Џенер ја претставува визијата на брендот за современата жена. Кампањата ја фотографираше Мерт Алас, а нејзината визуелна приказна го претставува Њујорк како град инспирација.

Имено, Donna Karan отсекогаш ги поврзувала жената и градот како две свои трајни инспирации, а новата кампања ја продолжува токму таа идеја. Во неа се чувствува и одглас на една од архивските кампањи на брендот од доцните 1980-ти, но во современа интерпретација и, овој пат, со Кендал Џенер во главната улога.

Едно од најпрепознатливите парчиња на Donna Karan – бодито – повторно е во центарот на колекцијата. Тоа е основата на нејзиниот „System of Dressing“, концепт на облекување во кој различни силуети лесно се комбинираат и приспособуваат, овозможувајќи премин од дневен кон вечерен изглед.

Есенската палета носи богати тонови, меѓу кои доминираат длабоко бордо и темно еспресо. Во колекцијата се издвојуваат сомотските костуми во длабока бордо нијанса и комбинацијата од авијатичарска јакна со здолниште во темно кафеава боја. Меѓу изгледите се и волнени парчиња комбинирани со долги кожни палта.

Сомотот, велурот и кожата внесуваат различни текстури, додека златните детали и накитот додаваат скулптуралност на изгледите. Меѓу впечатливите парчиња е и долг светликав фустан, а приказната ја заокружуваат препознатливите чанти на Donna Karan, кај кои елеганцијата се поврзува со практичноста.

Преку Кендал Џенер, есенската кампања ја прикажува жената на Donna Karan како самоуверена и независна, но и како жена чија гардероба се движи во чекор со градот – од дневните обврски до вечерните излегувања./M.M.

Фото: Donna Karan

You may also like

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

Comments are closed.