Париската модна куќа Dior викендов во Египет организира два значајни ивента: промоција на капсула колекцијата Dior Tears, создадена во соработка со Denim Tears, како и претставување на Celestial – на машката пред-есенска колекција за 2023 година.

Во петокот, во Големиот египетски музеј во Каиро, Dior ја претстави Dior Tears, новата капсулна колекција создадена со гостинот дизајнер Tremaine Emory, основач на Denim Tears.


Претставувањето е одржано во големиот влезен хол на новата, импозантната зграда на Музејот, во која доминира статуата на Рамзес II.
Според соопштението на брендот, новата линија ја слави инвентивноста на куќата Dior и силата на нејзините креативни дијалози. Американскиот дизајнер Tremaine Emory, основачот на Denim Tearѕ и креативниот директор на Supreme, посочи дека колекцијата им оддава почит на црните уметници, меѓу кои се и James Baldwin и Miles Davis.


Француската модна куќа викендов во Египет покани глобално познати личности, дизајнери и инфлуенсери, меѓу кои беа дизајнерите: Eli Russell Linnetz, Stefano Pilati, Serhat Isik и Benjamin Huseby; британските супермодели Lila Moss и Naomi Campbell, возачот на формула Lewis Hamilton, шкотскиот актер Томас Доерти и јужнокорејскиот музичар и автор Sehun.

 

Celestial на Dior за 2023 година

Машката пред-есенска колекција Celestial на Dior за 2023 година во саботата е претставена на историското плато во подножјето на пирамидите во Гиза.

Со високите пирамиди кои се единствените блескави структури во делот на темната пустина, и облеката што ја слави наводната врска помеѓу античкото и вонземското, и двете, ревијата и колекцијата се чувствуваа како да се надвор од овој свет.

За уметничкиот директор Kim Jones, колекцијата е всушност дијалог помеѓу минатото и иднината, потпирајќи се на проучување на објекти оддалечени светлосни години и љубовта на Christian Dior кон небесните тела.


Во белешки за колекцијата тој вели: Тоа е таа фасцинација со античкиот свет и паралелите со она што го гледаме денес; што сме наследиле од нив и што сè уште учиме од минатото. И во колекцијата и во ревијата постои идеја за „водени од ѕвездите“. Се работи за тоа како минатото ја обликува иднината или идеја за иднината од минатото“, вели Kim Jones.

Моделите облечени во кренати наметки и јакни излегоа на пистата во облик на дина, пред големите пирамиди. Наликува на вселенски ренџери и пустински воини, облечени во повеќеслојни комплети, надополнети со утилитарни детали, како „футуристички оклоп“, прикажувајќи го денешното, техничко знаење, заедно со принципите на кроење и мода во минатото на Dior. Покрај горната облека, додатоците беа клучни за колекцијата; моделите носеа шлемови за глава, чизми за месечина, елеци и мрежести маски закачени на кошулите. Палетата на бои ги опфати суптилните нијанси на пустината, за со серијата на повеќебојни галактички принтови на јакни и палта да заврши ревијата.

You may also like

Comments are closed.