Во настојување за создавање одржливи производи, а со оглед на зголемена потреба за решавање на загадувањето од пластика, DGrade разви Greenspun®,  високо квалитетно предиво направено од рециклирани пластични шишиња. Предивото  Greenspun® го заменува традиционалното, од полиестер и е наменето за производство на широк спектар на ткаенини за облека и додатоци.

DGrade е единствената компанија што управува со целиот синџир на снабдување: од собирање пластични шишиња до производство на облека. Simply Bottles е иницијатива на DGrade која работи со бизниси, училишта, настани и други организации, за зголемување на стапките за рециклирање на пластични шишиња.

Пластиката собрана преку иницијативата Simply Bottles ја рециклира DGrade во предиво Greenspun® за производство на облека: еколошки маици, маски, чанти, капачиња и други додатоци произведени со Greenspun®, направен од рециклирани шишиња. https://dgrade.com/technology

Секако дека единствениот начин да се намали отпадот е да се купува помалку, да се замени пластиката со био разградливи суровини, но, до тогаш мора да се работи на справување со пластичниот отпад и рециклирање. Одржливите решенија за производство се во моментов, единствен начин да се заштити земјата и нашата иднина./M.M.

 

You may also like

Comments are closed.