Новоотворениот Deep Dive Dubai базен, со длабочина од 60 метри е најдлабокиот базен на светот. Потврден е и со Гинисов рекорд како најдлабок базен на светот за ронење. Базенот е дел на подводен град, а така е и дизајниран, за истражувачите во облека за ронење да можат да го испитуваат тематскиот објект. Деталите за базенот, како и видео презентацијата се на: https://deepdivedubai.com/

Според сајтот, Deep Dive Dubai има понуда за секого. Имено, преку големи прозорци или на екраните низ целиот објект посетителите можат да ги гледаат семејството и пријателите додека ронат. Исто така има и ресторан, како и продавница за опрема за ронење и продавница за подароци.

Во моментов е достапен само за поканети гости меѓу кои е и Will Smith кој сликите од своето ронење ги постави и на социјалните мрежи. /М.М.

You may also like

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

Comments are closed.