Hermès

Продажната тактика на Hermès наречена peihuo 配货 која ги принудува купувачите да акумулираат трансакции за да добијат пристап до своите иконски торби, остро е нападната во Кина, според пишувањето на Jing Daily.

Што се случува: продажните тактики Peihuo (配货)“ кои помагаат компанијата да ги продаде своите помалку популарни категории пред да им даде пристап на потрошувачите до иконските производи, едноставно ги револтира кинеските купувачи.

На социјалните мрежи се редат илјадници коментари со одобрување за револтот на купувачите кои треба да собираат поени и несакани произоди за да добијат пристап да купат некоја од посакуваните торби на  Hermes. Дури и тогаш е неизвесно дали ќе се добие побараното.

Hermès’ “peihuo” системот е јавна тајна – на локалните социјални мрежи, меѓу кои и на Little Red Book, се поставени над 50,000 постови за “peihuo” искуствата на купувачите поврзано со желбите да се дојде до Birkin и Kelly чантите.

Иако од брендот остро ја негираат оваа продажна практика, сепак, ограниченото производство на посакуваните модели чанти овозможува  Хермес и неговите партнери да бидат строго селективни околу тоа кој може да купи од нивните ташни.

Иако ваквите продажни тактики наликуваат на само-саботажа, сепак, се истакнува дека создаваат жестока дебата на кинеските социјални медиуми. Продажната елитистичка стратегија, се истакнува, нема да потрае, а социјалните медиуми ќе бидат преплавени со негативна содржина што ќе ја наруши репутацијата на Hermes./M.M.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.