Tuuli-Tytti Koivula е добитник на Alpha наградата што се доделува на млади дизајнери, како поддршка на новите нордиски таленти во рамките на Copenhagen Fashion Week. Sasha Heinsaar е добитник на наградата A1 Granary – за менторство, за модели инспирирани од словенскиот фолклор.
Под водство на Ane Lynge-Jorlén, сите пријавени за наградата Alpha и заинтересирани за иднината на модата, беа поканети да ги претстават своите дизајнерски видувања во рамките на Copenhagen Fashion Week. Десет финалисти презентираа колекции со по пет изгледи. Во пригодниот говор, Lynge-Jorlén ја опиша работата на финалистите како „привлечна, убава, чудна, одговорна и како предизвик за размислување.
Добитник на Alpha наградата е Tuuli-Tytti Koivula, магистрант на Aalto Универзитетот во Хелсинки, на стажирање на Courrèges во Париз. Таа создава свој „универзум со цвеќиња и јагоди“, а во нејзината колекција има и технички, спортски елементи, заедно со традиционален фустан од Австрија и обемни празнични парчиња, со рачно нацртани принтови и со рачен вез.

Словенскиот фолклор е инспирацијата за сложените дизајни на Sasha Heinsaar чии рачно изработени парчиња се повеќеслојни и воглавно плетени. Таа е добитник на наградата за менторство – A1 Granary, а нејзината работа, заедно со Koivula, ќе биде вклучена во изложбата „Нордиската мода сега: трикотажа и принт“ во музејот за дизајн и занает во Röhsska, во Шведска, во текот на годинава./М.М.

You may also like

Comments are closed.