Collacare, на Алкалоид, претставува комплекс од течен хидролизиран колаген од риба (тип I), хијалуронска киселина, како и витамини и минерали (витамин Ц, витамин Б3, цинк глуконат, витмин Б5, витамин Б2, витамин Б6, бакар глуконат, витамин А, биотин, витамин Д3).

Течниот колаген е со вкус на јагода и праска. Деновиве може да се најде и во акциска продажба, под поволни услови.

https://www.evit.mk/kupi/suplementi/kolagen/collacare-tecen-kolagen-za-pienje/?fbclid=IwAR2_DBHeaWB0YdpY-6UE9_POXYhGn_ih7SXPce30XITCKCo3AdoQ4CKDjg8

Познато е дека колагенот е составен дел на многу ткива во човечкото тело, вклучувајќи ги коските, р’скавиците, кожата, тетивите, крвните садови, непцата и забите, и е неопходен за одржување на нивната нормална структура и функција. Хијалуронската киселина, исто така, е значаен составен дел на сврзните ткива, на епителните ткива и на кожата за одржување на нивната еластичност. Застапена е во синовијалната течност која служи за подмачкување на зглобовите. Комбинацијата на витамини и минерали е додадена со цел да се збогати составот и да се дополни дејството на производот кој преставува додаток во исхраната.
Дневната доза за внес изнесува 30 ml, препорачливо е да се пие навечер, пред спиење. Се зема нерастворено, или, по потреба, може да се раствори во половина чаша вода. По отворањето колагенот Collacare треба да се чува во фрижидер и да се употребува во рок од 30 дена по првото отворање.
Пакувањето со Collacare содржи шише од 500 ml, упатство за употреба и капаче за одмерување./М.М.

You may also like

Comments are closed.