Создаден од дерматолози, CeraVe содржи церамиди, поради што се издвојува од другите брендови кои имаат производи од доменот на медицинската козметологија.

Церамиди се липидни молекули кои природно се наоѓаат во нашата кожа и се одговорни за нејзината влага и отпорност. Експертите откриле дека недостатокот на церамиди доведува до дехидратација и нееластичност на кожата, а во случај на голем дефицит и до разни кожни болести како псоријаза, егзема, акни, дерматитис и други промени на кожата.

CeraVe е создаден од тим дерматолози во желба да создадат производи што ќе бидат дизајнирани да промовираат создавање и задржување на церамиди во кожата. Поради специјалната формула, хранливите материи во производите CeraVe лесно и постепено се ослободуваат во кожата во рок од 24 до 48 часа.

CeraVe  е еден од најпопуларните дермо-козметички брендови, постои од 2005 година. Производите CeraVe имаат солидна медицинска основа , бидејќи се развиени и одобрени од дерматолози. Еден од нив, славниот Том Алисон, е исто така ко-основач на брендот./М.М.

You may also like

Comments are closed.