Chiara Ferragni

Chiara Ferragni, деловна жена, блогерка и инфлуенсерка од Италија, од 2017 година рангирана на листата на Forbes за “Top Fashion Influencers”, стана и нов глобален бренд амбасадор на римската куќа за накит, Bvlgari.

Во својата нова улога, ќе има за цел да помогне да ги претстави своите вредности на меѓународно ниво. Коментирајќи го назначувањето таа посочи дека наследството на Bvlgari е поврзано со смела и декадентна естетика и став, како и со италијанскиот дизајн, познат низ целиот свет. Токму поради оваа причина се поврзуваат, во обид да се создаде позитивно влијание преку активности што ќе бидат  заеднички развивани.

Со овој потег, Bvlgari сака да им се приближи на жените од целиот свет кои се воодушевени од позитивниот и гламурозен пристап кон животот на инфлуенсерката. Чест ни е што ја дочекуваме Chiara Ferragni, како наш нов глобален амбасадор “, вели главниот извршен директор Jean-Christophe Babin, посочувајќи дека таа совршено го отелотворува најавтентичниот дух на Bvlgari./M.M.

You may also like

Comments are closed.