Сето што го носи во себе американскиот моден дизајнер Brandon Maxwell, како дизајнер, директор и моден фотограф е впечатливо претставено и во неговата колекција наменета за летово.

Maxwell, кој е и ко-режисер на модниот филм за колекцијата, го пресоздаде безмалу секој аспект на модната ревија во живо, сè до подготовките зад кулисите и сета врвулица околу пресоблекувањата .https://www.youtube.com/watch?v=ip7kdnC54Cc

Креативниот директор на брендот Brandon Maxwell, вели дека инспирацијата за колекцијата била разнообразноста – навраќањата во 60-тите, па во 80-тите, односно времињата во кои пандемијата не владеела со нашето време, расположение и стравот за здравјето. Во модниот филм и тоа е прикажано. Заедно со занаетчиски изработените изгледи, со обично-необични кроеви и неочекувани дизајнерски решенија.
Резултатот се оригинални изгледи – некогаш романтично лелеави, некогаш строги во супер мини, некогаш со витниџ бауш блузи и макси здолништа, но секогаш  со мали чантички на појасот, колковите или на градите.

Со моделите подготвени за носење, создадени од Brandon Maxwell жените летово навистина можат да се чуствуваат моќно – да пленат, да се свои – да се со неодолива насмевка при секој поглед во огледалото. Така летото станува  навистина незаботавно./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.