Billie Eilish

Billie Eilish, уметничка и добитничка на Grammy наградата, го направи своето големо деби во светот на убавината со лансирање на својот прв парфем. Вечерта на 19 октомври, Eilish преку Инстаграм објави промотивно видео на кое го покажа парфемот како и самата таа – Eilish.

Во соопштението за печатот, пејачката сподели: “Посакав парфемот да се чувствува како топла прегратка. Какво што е чувството кога крвта почнува забрзано да протекува низ телото. Тоа е мирис што го барам со години и години. Тоа е мојот најомилен мирис на светот “.
Во објавата на Инстаграм поставена денес, пејачката пишува дека „Мирисот отсекогаш бил огромен дел од мојот живот и постоење и ми беше сон да го создадам и да ги оживеам моите идеи“ додаде таа.

Eilish ќе биде исклучиво достапен на billieeilishfragrances.com од ноември годинава./М.М.

Billie Eilish

Убавина вести

Аdvent Сalendars

Секоја година модните куќи за убавина особено внимание посветуваат на празничните, Аdvent Сalendars. Тоа е ...

You may also like

Comments are closed.