Екстериер - ЕнтериерКултура на живеење

Beyond Space: километар ткаенина за оригинален дизајн на студиото

Beyond Space

Дизајнерското студио Beyond Space од својот канцелариски ентериер во Амстердам, создаде сосема специфичен и оригинален простор: користејќи ткаенина исечена на ласер и вертикално спуштена од таванот низ сите простории, формирани се навидум разбранувани тавани и прегради, во специфична светло сино-зелена боја. Проектот е направен со студиото за ткаенини Siersema Interieur, а бојата на ткаенината за канцеларијата во Холандија одбрана според бојата на блиската река.

Beyond Space

Студиото искористи километар ткаенина за да создаде завеси со бранувачки ефект, што го имитираат движењето на водата. https://www.beyond-space.eu/project/siersema/

Слоевите од ткаенина во бледо сино-зелена нијанса се густо поставени вертикално и како да се истураат од високиот таван над просториите. Формирани се шест простори со повеќе слоеви на ткаенина, вклучувајќи работни и простории за состаноци, организирани околу работ на централниот просторот за да се зголеми природната дневна светлина.

Бојата на завесите е доволно лесна за да се одбегне привлекување на целото внимание, но додава суптилна нијанса на просторот, што потсетува на вода или мраз. Подот и масите имаат сив тон./M.M.

Beyond Space

Beyond Space

Beyond Space

Beyond Space

You may also like

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

Comments are closed.