ЗдравјеУбавина и здравје

Се што (не)знаевте за дињата, нејзиното семе и цветот

Здравата и ниско калорична диња не је одбегнувајте летово, а не треба да ги фрлате ниту нејзините семки. Овошјето, семето и маслото од семе од дињата спаѓаат во храна и лекови што со векови се употребуваат и со кои се лекувале разни болести.

Дињата е нискокалорично овошје, со само 30 калории на 100гр., а поради високото ниво на вода во составот, идеална е за хидрирање на организмот во топлите летни денови.

Самото овошје има повеќе полезни влијанија врз нашите тела.

Антиоксидансот зеаксантин има заштитна улога на окото, па така конзумирањето на дињата влијае полезно кај дегенерацијата на макулата, поврзана со стареењето.

Високо ниво на бета каротен и витамин Ц го намалува ризикот од развој на астма.

Растителните влакна, калиумот, витаминот Ц и холинот во дињите го промовираат здравјето на срцето.

Дињата е лесно сварлива храна и се препорачува да се јаде на празен стомак пред друг оброк. Го регулира варењето на храната и е добар избор за оние со чувствителен стомак, бидејќи содржи ензими и не ја троши енергијата на организмот за варење на храната. Поради изобилството на растителни влакна и вода, спречува опсипација и помага во регулирање на варењето, на здравјето на дигестивниот тракт и на исфрлување на токсините од цревата.

Овошјето, семето и маслото од семе од дињата спаѓаат во лекови со кои со векови се лекувале разни болести како: кашлица, треска, против паразити во цревата и проблеми со желудникот, како и бубрежни и уринарни нарушувања. Чајот од цвет од диња се користи за ублажување и лекување на кашлицата.

Семето од диња се препорачува за болести на бубрезите, особено кај проблемите со камења.

Во Индија, мелените семки од дињата се додаваат во пијалок сличен на јогурт, како и во млеко со зачини, додека целото семе се става во алва и во други слатки./М.М.

You may also like

Comments are closed.