Омилената брачна двојка во Холивуд, Beyoncé и Jay-Z, ќе започнат соработка со Tiffany & Co со нова кампања.
Beyoncé и нејзиниот сопруг ја започнуваат најновата ера на Tiffany & Co. Неделава Harper’s го објави своето септемвриско издание “Icons” во кое главната вест е најновата соработка на Beyoncé и Jay-Z со Tiffany & Co.
Овој потег доаѓа по неодамнешна аквизиција на американската компанија од страна на LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton со која, според Форбс, Tiffany & Co треба да ја удвои продажбата во следните пет години.
Минатата година LVMH купи 50 проценти од Jay-Z Champagne брендот, Armand de Brignac.
Beyoncé, освен успешната музичка кариера, дејствува и во модата и во медиумите. Соработката со HBO, Netflix, Top Shop, како и последната кампања за Adidas го потврдуваат тоа./М.М.
More in:Мода вести
Силна, заводлива колекција на Isabel Sanchis
Isabel Sanchis годинава ја завршува со силна и едновремено заводлива есенско-зимска колекција во која шпанската ...
Модерниот сензибилитет со винтиџ естетиката на Giorgio Armani
Giorgio Armani реализира впечатлива рекламна кампања за својата колекција за сезоните есен/зима 2024-2025 година. Реномираната ...
Feiyi – кинески концепт што ги менува западните брендови
Feiyi (非遗), кинескиот термин за нематеријално културно наследство, годинава еден од најпознатите концепти во кинеската ...
Kate Moss for Zara – нова деби колекција на Zara
На 30 ноември, во одделни продавници и на својот сајт, Zara ја пушта во продажба ...