Bella Hadid е најновото име на списокот промотори на Victoria’s Secret. Но, за разлика од другите модели, кои ќе бидат дел од новата, би рекле инклузивна стратетија за брендот за долна облека – Hadid има и порано работено со Victoria’s Secret. Всушност, таа се враќа многу месеци откако одлучи повеќе да не соработува, а и да проговори за нејзините искуства со брендот.

Беа потребни повеќе од 18 месеци и повеќе средби со раководството на Victoria’s Secret за да се приклучи на она што сега таа го нарекува колектив, за да ги брани жените и позитивната слика за телото.
Ми требаа речиси една и пол година за средбата со нив. Но, дојдоа кај мене со голема презентација за се што сменија, не само со различноста на телото, туку и со различноста на жените воопшто, изјави Hadid за Marie Claire.
Таа е само еден од моделите кои за Victoria’s Secret рекоа дека порано беле компанија за долна облека што користела да ги водат мажи за мажи.
Повторно се чувствувам моќно во долна облека, вели Hadid, наместо да чувствувам дека моето тело е само некој вид на создавач на пари./М.М.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.