Balenciaga е официјално најжешкиот луксузен бренд во светот во моментов.

Извештајот Lyst Index Q3 за 2021 година ја става париската модна куќа на првото место за Q3.
Гучи го напушти првото место.

Најновиот извештај на Lyst Index Q3 за 2021 година (Lyst.com) откри дека Balenciaga е во моментов најжешката компанија за облека во светот. Парискиот бренд го обезбеди првото место по низата вести кои ја искачија на врвот на интересот за луксузот во светот.
Првиот чекор беше враќањето на брендот кон производство на couture во јули, по цели 53 години, потоа соработката со Kanye West во август, за неговиот нов албум Donda, а во септември, изгледот на Kim Kardashian на Met Gala, целосно покриена во црно.
Demna Gvasalia, креативниот директор на Balenciaga, не застана тука. Минатиот месец, брендот се нурна во metaverse и објави дигитални додатоци и облека за играчите на Fortnite. На модната недела во Париз, брендот емитуваше специјална епизода од The Simpsons, во која цртаната актерската екипа е облечена во цртани верзии на колекцијата на писта.
Кога во 2017 година Demna Gvasalia, ја доби годишната награда на CFDA, беше јасно дека неговиот талент, ивентивноста и храброста, ќе направат силен импакт во брендот во кој ќе биде главен дизајнер.
Gucci претходно го заземаше првото место на листата, но сега е на тесното второ место. Сепак, тоа не е причина за тревога: во фирентинската куќа, наводно, се забележува раст на приходите од 86 проценти, од вториот квартал, и скок во печатот благодарение на објавувањето на најавата за филмот House of Gucci, со Lady Gaga и Adam Driver. Dior се најде на третото место по отворањето на својата нова изложба Christian Dior: Designer of Dreams, во Brooklyn Museum. Prada и Louis Vuitton се на четвртото и петтото место.
Индексот Lyst ги рангира најдобрите модни брендови и производи квартално, секоја година. Глобалната шопинг платформа тврди дека над 150 милиони луѓе прелистуваат и купуваат од најмногу 17.000 брендови и продавници во светот. Според нив, формулата на индексот што Lyst го користи е однесувањето на купувачите, кое вклучува стапки на конверзија и продажба, за да дојде до рангирањето. Платформата го вклучува и пребарувачот на Google, спомнувања на социјалните медиуми и ангажирана статистика за период од три месеци. Деталите се на Lyst.com./М.М.

Balenciaga

You may also like

Comments are closed.