За Alexis Mabille поводот за неговата couture collection е во размислата за убавината на повторното цветање, по тешкотиите низ кои поминавме.

Почуствував дека на жените не им беше дадена шанса да уживаат во гламурот и да изгледаат најсензационално. Размислував за духот на ренесансата, за повторното расцутување, на живот исполнет со радости.

Зборувајќи за високата мода тој посочи дека „колку едно парче е поисклучително, толку повеќе има шанси клиентот да се вљуби во него. Високата мода е прилично емотивно искуство – особено доколку имате средства да си ги дозволите овие емоции“.


Идејата на Mabille за femme fleur беше преведена буквално, во серија скулптурни силуети, вклучително и цветни букети расцутени на деколтето и ракавите на пуф исполнети како со силиконски лалиња. „Тие изгледаат толку реално на допир, што е речиси вознемирувачко“, се пошегува дизајнерот во видео пораката од своето париско студио, по повод преставувањето на колекцијата.


Граничното чувство за боја, како што тој го нарече, е содржано во серијата спектакуларни наметки од тил, во кои манекените изгледаа како опиени, луди цветови. Сакав ласкаво чувство на сензуалност, возбуда, забава, објасни Mabille, културата според мене треба да зрачи со ésprit ludique.

Целата колекција може да се види на следниов линк :

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.