Данската креативност и Copenhagen Fashion Week заврши со пригоден настан и големо дефиле на учесниците – креаторите и нивните модели. На годинешното издание беа проследени 25 модни ревии и 13 дигитални преставувања од 10 до 13 август.
Во деновите на модните презентации, особено на оние дигиталните, организирани беа разговори за модата и одржливоста, како доминантна тема на Модната ндела и директно пренесувани на интернет, со цел да се испровоцира интерактивноста.
На настаните присуствуваа дански и меѓународни лидери од креативните индустрии, вклучувајќи архитектура, дизајн и уметност. Посебен настан беше промоцијата на создавањето на Белата книга за Одржливоста наречена Sustainability by design.
Разговорите за поодговорна иднина за модата се пренесувани во живо како и 25-те модни ревии со најновите колекции наменети за пролет/лето 2022 година./М.М.
Последното дефиле е поставено и на сајтот на Copenhagen Fashion Week https://copenhagenfashionweek.com/